Ливерпул испушти предност од 3:0, Реал Мадрид се пласираше во следната фаза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул имаше практично обезбедена победа во Севилја, но избраниците на Јирген Клоп успеаја да испуштат предност од 3:0 на полувремето и на крајот ремизираа со домаќините (3:3).

Се чинеше дека гостите од „Енфилд“ лесно ќе дојдат до победа затоа што на полувреме водеа со 3:0 со головите на Фирмино кој погоди два пати и Мане. Сепак во продолжение Севилја се врати во живот со двата гола на Бен Једер во 51. и 60. минута, за во 93. минута Пизаро да го комплетира изненадувањето.

Реал уште на полувреме го реши прашањето на победникот во натпреварот со АПОЕЛ и со тоа си го обезбеди пласманот во следната фаза, кој рака на срце иако не е спортски беше пресметан уште пред почетокот на натпреварот. Во првиот дел двоен стрелец беше Карим Бензема, а фантастичен гол постигна Лука Модриќ кој го отвори резултатот. Пред крајот на полувремето четвртиот гол за „Кралевите“ го постигна Начо.

Во вториот дел Реал постигна уште два гола преку Кристијано Роналдо со кои Португалецот постави рекорд со 18 постигнати голови во Лигата на шампионите во една календарска година.

Борусија Дортмунд забележа уште еден шокантен пораз. Овој пат од „Сигнал идуна парк“ со кренати глави заминаа фудбалерите на Тотенхем кој славеше со 2:1. Дмаќините поведија со голот на Обамејанг во 31. минута, но Тотенхем направи пресврт преку Хари Кејн и Сон.

Резултати:

Бешикташ- Порто 1:1

Спартак М.- Марибор 1:1

Манчестер Сити- Феенорд 1:0

Монако- РБ Лајпциг 1:4

Наполи- Шахтјор 3:0