Јувентус договори трансфер вреден 40 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Даглас Коста ова лето се пресели во Торино од Минхен и беше најавуван како големо засилување.

Почетокот во дресот на „Старата дама“ не беше ни малку лесен за него, а се најде на удар и на навивачите по бледите воведни натпревари.

Бразилецот сепак полека се навикнува на Јувентус каде е на позајмица до крајот на сезоната со опција шампионот на Италија да го откупи неговиот договор во целост.

Минатото лето Јувентус му плати на Баерн шест милиони евра за позајмицата, а на изненадување на многумина се решија и целосно да го откупат неговиот договор уште во јануари за 40 милиони евра.

Инаку, Коста во досегашниот дел од сезоната во дресот на Јувентус одигра 16 натпревари, а има постигнато само еден гол на кој има додадено четири асистенции.