Меси го продолжи договорот со Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси го продолжи договорот со Барселона кој ќе го задржи на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната 2020/21.

Освојувачот на пет „Балон д Ор“ награди одговори на шпекулациите кои го поврзуваа со заминување од Барселона со тоа што се обврза на верност за следните четири години.

Во новиот договор Меси има откупна клаузула од цели 700 милиони евра што значи дека Меси со сигурност ќе остане 17 години во првиот тим на Барселона.