Неверојатен натпревар на „Сигнал Идуна Парк“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фантастичен натпревар можеше да видиме на „Сигнал Идуна Парк“ каде во дербито на колото се сретнаа екипите на Борусија Дортмунд и Шалке 04.

Гостите од Гелзенкирхен буквално не знаеја каде се наоѓаат по само 25 минути игра, а првиот гол го видовме во 12. минута. Обамејанг со лизгачки старт го отвори резултатот, а само шест минути подоцна Стамбули си постигна автогол за 2:0.

Во 20. минута Гетце го постигна третиот гол за Борусија Дортмунд, а веќе во 25. минута „Милионерите“ имаа предност од 4:0 со голот на Рафаел Гереро.

И кога сите мислеа дека ова ќе биде лесна победа за Борусија Дортмунд гостите го возвратија ударот. Најпрво Бургсталер го намали резултатот на 4:1 во 61. минута, а Харит само четири минути подоцна намали на 4:2.

Домаќините останаа со играч помалку по вториот жолт картон на Обамејанг што доведе до стампедо напади на Шалке. На четири минути до крајот на регуларниот дел Калиџури постигна гол за 4:3, а во продолжението Налдо го комплетираше големото изненадување погодувајќи за 4:4.

Резултати:

Аугсбург- Волфсбург 2:1

Борусија Дормтунд- Шалке 4:4

Франкфурт- Леверкузен 0:1

Фрајбург- Мајнц 2:1

Лајпциг- Вердер 2:0