Млад играч на Сити поради проблеми со срцето ја заврши кариерата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред 22 годишниот Косовар, Синан Битиќи требаше да има светла кариера , но по најновите информации, за жал до тоа нема да дојде.

Косоварот и член на Манчестер Сити мора да ја прекине кариерата поради срцеви проблеми.

Битиќи е играч од средниот ред роден во 1995 година во Призрен, а фудбалски се школувал во Австрија и играл за сите репрезентации на Австрија. Минатата година младиот фудбалер се реши да го облече дресот на земјата каде е роден, Косово.

Пред три години Сити го донесе од Адмира, а Битиќи минатата сезона ја помина во холандскиот Го Ахед Иглс каде имаше одлични настапи. Откако беше избран за тимот на неделата и со мислите веќе насочени кон враќање во Сити, Битиќи бил повикан во канцелариите на холандскиот клуб каде му било соопштено дека боледува од хипертрофична кардиомиопатија, заболување на срцевиот мускул кое е едно од најголемите предизвикувачи на срцевите удари.

„Отидов во канцеларијата а таму беа менаџерот, тренерите, физиотерапевтите. Си помислив, ’Што се случува овде?’. Беше чудно. Менаџерот извади парче хартија и ми кажа дека нашле нешто на мојот годишен тест за следење на срцето и ми кажаа дека мора да се вратам во Англија. Тој исто така ми кажа дека е состојба по која мора да ставам крај на професионалното играње фудбал“– коментираше Битиќи за медиумите во Англија.

Од Манчестер Сити не го оставија младиот фудбалер на цедило и веќе му понудија работа во клубот. Битиќи веќе ја започна неговата улога како скаут за играчите кои се пратени на позајмица.

„Ги набљудувам играчите кои се на позајмица, правам извештаи и се обидувам да ги поддржам“- заврши Битиќи.