Хаос во соблекувалната на Реал: Зидан се судрил со играч


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид за викендот успеаа на домашен терен да ја совлатаат екипата на Малага со 3:2, во меч од 13. коло од Ла Лига.

Кралскиот клуб оваа сезона не игра онака како што се навикнавме од екипата на Зидан, но за Реал е најважно што упиша три бода против незгодната Малага.

Меѓутоа, шпанските медиуми пренесуваат дека атмосферата во соблекувалната не била баш најдобра.

Како што пишува Дон Балон, францускиот стручњак се судрил со Дани Себалос после натпреварот со Малга. Наводно, младиот шпански фудбалер е незадоволен што има мала минутажа во Реал Мадрид, откако стигна летово од Бетис.

Тој имаше понуда и од Барселона, но на крајот одлучи да заигра за Кралевите. Меѓутоа, јасно е дека Зидан не смета баш многу на него, па Себалос одлучил отворено да му каже после натпреварот.

Наводно, во целата ситуација се вклучиле Рамос и Иско, па го изнеле надвор од соблекувалната Себалос.