Мињоле се избрука пред ждрепката за Светското првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на репрезентацијата на Белгија и член на Ливерпул, Симон Мињоле прилично се посрамоти кога одговори кои селекции би сакал да ги види во групата со Белгија на Мундијалот во Русија.

Мињоле очигледно не ги знае правилата, па во групата со „Црвените ѓаволи“ стави уште две селекции од Европа.

Од шеширот два се надева на Англија, Шпанија или Хрватска, од шеширот три би сакал да ги види Египет и Сенегал, а од последниот шешир ја посакува Србија.

Секако, ваква ждрепка не е можна со оглед на фактот што од Стариот континент во една група може да има само две селекции. Групата на Мињоле има три репрезентации од Европа, па затоа тој веднаш стана предмет на потсмев кај фудбалските вљубеници на социјалната мрежа Твитер кои го „сардисаа“ со саркастични коментари.