Репрезентацијата до 19 години домаќин на елитниот турнир за пласман на ЕП


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе се сретне против селекциите на Англија, Унгарија и Летонија во елитната група за пласман на Европското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Финска.

Квалификацискиот турнир ќе се игра во Скопје кон крајот на март 2018 година, а пласман на ЕП ќе обезбедат само првопласираните репрезентации од групите.

„Задоволен сум од исходот на извлекувањето во Нион, мислам дека имаме голема шанса за нов, историски резултат. Групата  е силна, но можеме да се надигруваме со сите, впрочем, тоа го потврдивме со пласманот во Елитната фаза и трите победи против Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Мислам дека и нашата публика ќе има можност да ужива во натпреварите, ќе играме на домашен терен, за тоа се изборивме и мораме да бидеме задоволни“ изјави Вујадин Станојковиќ, селектор на Македонија до 19 години.