Велковски: Ќе дадеме 100% за да ја израдуваме македонската публика


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Вардар, Дарко Велковски на денешната прес конференција во пресрет на натпреварот против Розенборг истакна дека играчите се подготвени за последниот натпревар од Лигата на Европа.

Велковски смета дека Норвежаните играат сличен стил како Копенхаген и Малме, екипи со кои Вардар се сретна во квалификациите за Лигата на шампионите.

„Имаат сличен стил како екипите кои игравме во квалификациите Копенхаген и Малме. Некако сме навикнати на тој стил на игра, сите играчи се подготвени за овој натпревар, ќе дадеме 100% и се надевам дека ќе ја израдуваме македонската публика“- коментираше Велковски.

Стоперот на Вардар истакна дека „црвено црните“ треба да ја спуштат играта и со тоа да ги сопрат високите играчи на противникот.