Вардар со реми се прости од Лигата на Европа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Вардар одигра нерешено 1:1 против Розенборг во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Ова е историски бод за Вардар и воопшто за една македонска екипа во една групна фаза од големите европски натпреварувања.

Итало го отвори резултатот уште во 9. минута по асистенцијата со гради на Бобан Николов. „Црвено црните“ беа доминантни во текот на првите 45. минути но за жал останаа само на голото на Бразилецот.

По една лоша интервенција на Евгениј Новак и несмасна реакција на Филип Гачевски беше досуден пенал за Розенборг во втората минута од судиското продолжение на првиот дел. Пеналот во гол го претвори Никлас Бендтнер.

Во вториот дел Вардар повторно беше подобар противник но за жал не успеа да го најде патот до мрежата по втор пат.