Неверојатниот Рондо подели 18 асистенции


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа во НБА лигатасе одигра интересен натпревар помеѓу Њу Орлеанс  и Филаделфија, каде што екипата на Њу Орлеанс славеше со 131:124.

Во овој меч се истакнаа Редик и Симонс со по 28, односно 27 поени од едната страна и Холидеј (34 поени) и Антони Дејвис (29 поени) од другата страна. Освен во рубриката стрелци, на натпреварот можеби најмногу доминираше Рахон Рондо.

Стариот добар Рондо, плејмејкерот на Њу Орлеанс во оваа сезона, постигна 13 поени, но впиша дури 18 асистенции и пет украдени топки.

Неговите 18 асистенции се рекорд за еден играч во оваа сезона во НБА лигата. Рондо одлично знае да ја разигра екипата, добар скокач е и игра одлично во одбраната и доколку би бил исто така добар и во шутот, тешко дека некој би можел да му парира.