Станиќ една сезона во Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишува српскиот весник „Журнал“, Дарко Станиќ ќе биде замената за Арпад Штербик кој од следната сезона ќе ги брани боите на Пик Сегед.

Станиќ со актуелниот европски владетел ќе потпише договор во траење од една година, а конкуренција меѓу стативите ќе му бидат Страхиња Милиќ и младиот Даниел Ѓорѓевски.

Познато е дека Дарко Станиќ беше миленик на македонската ракометна публика со фантастичните настапи во дресот на Металург, а од Вардар се надеваат дека Србинот ќе ги повторни настапите кои ги имаше во нивниот најголем ривал и ќе биде достојна замена за Штербик.

За Вардар ќе следи огромна реконструкција следната сезона со оглед на фактот што речиси целиот актуелен играчки кадар ќе го напушти Скопје. Покрај Штербик, „црвено црните“ ќе ги напуштат и Илија Абутовиќ (Рајн Некар), Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин), Лука Циндриќ (Киелце), Хорхе Македа (Пик Сегед). Од Вардар ќе замине и тренерот Раул Гонзалез кој потпиша преддоговор со францускиот гигант ПСЖ.