Њукасл ќе го спасува заборавениот напаѓач на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њукасл планира во јануари своите редови да ги засили со играчот на Челси, Мичи Батсуаи.

Талентираниот напаѓач ќе мора да добива поголема шанса за прволигашки фудбал доколку сака да си обезбеди место за во авионот на Белгија за Мундијалот во Русија.

Како што пишува „Њукасл Хроникл репортс“ Рафа Бенитез планира да му понуди можност на Батсуаи во првиот тим. Српскиот интернационалец Александар Митровиќ е на излезните врати од „Сент Џејмс Парк“ и се шпекулира дека уште во јануари ќе се врати во редовите на Партизан.