Станковски: Можеме да го изненадиме Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот дел од македонската фудбалски шампионат ќе заврши со дерби натпреварот меѓу Вардар и Работнички. Натпреварот ќе се одигра во среда на Националната арена „Филип втори“, со почеток во 13 часот.

Пред средбата, стратегот на „романтичарите“ Горан Станковски даде оптимистичка изјава за дуелот со вардарци.

„Вардар е фаворит, но јас верувам во нашиот тим и се надевам дека ќе одиграме квалитетно како на последните неколку натпревари. Доколку го сториме тоа и бидеме дисциплинирани во играта, мислам дека можеме да го изненадиме противникот. Кога Работнички ќе одигра на своето најдобро ниво, тогаш нема тим во лигата што е непобедлив“, смета Станковски.

Тој додава дека неговиот тим во изминатите денови работел напорно и се подготвил за последното есенско искушение и увереден е дека на мечот со Вардар, Работнички ќе успее да освои бодови.

За потсетување, натпреварот не се одигра стандардниот термин од 12 коло поради настапите на Вардар во Лига Европа. Вардар се наоѓа на второто место на табелата со 35 бодови, додека Работнички е на петтата позиција со 23 бодови.