Милан ја пронајде замената за Донарума


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Италија повторно во фокусот е случајот „Донарума“ откако фудбалерот наводно побарал да биде продаден, па навивачите на Милан преку порака од трибините го нападнаа младиот голман.

Донарума има договор со „росонерите“ до 2021 година, а за него интерес има од ПСЖ кој наводно е подготвен да плати 70 милиони евра уште во јануари.

Шпанските медиуми пишуваат дека од Милан веќе ја пронашле замената за младиот голман и од следната сезона на голот ќе стои искусниот Пепе Реина кој нема да го продолжи договорот со Наполи.