Лукајиќ: Ќе се обидеме да го изненадиме Партизан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на МЗТ Скопје утре во Белград ќе игра против Партизан во натпревар кој е од круцијално значење за скопјани во обидот за опстанок во АБА Лигата.

Ова е прв дуелза МЗТ  во вториот дел од сезоната во регионалното натпреварување во кое до самиот крај грчевито ќе се борат за опстанок.

„Против Партизан треба да покажеме голема желба за надигрување, како и дел од енергијата која беше очигледна на неодамнешниот дуел со Морнар, а која секојдневно ја гледам на тренинзите. Факт е дека не може да му се заканувате на Партизан во Белград, особено во една ваква ситуација кога и кај нив доаѓа до шок терапија со промена на тренерот. Веднаш се гледа поинаква филозофија во нивната игра, пред сѐ во пристапот. Но, ова е меч во кој сѐ е отворено. Ќе мора да одиграме цврста одбрана и да го спречиме противникот да не постигнува лесни поени во транзиција и во секундарни напади. И, ако ни се укаже шанса сигурно ќе пробаме да изненадиме“, вели тренерот Лукајиќ.