Барселона пронајде играч кој ќе го замени Бускетс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најуспешните фудбалери кои излегле од Ла Масија, Серхио Бускетс на лето ќе наполни 30 години и полека влегува во последните години од неговата богата и трофејна фудбалска кариера.

Од Барселона не оставаат ништо на случајност и веќе се во потрага по негова замена која во иднина ќе треба да ги повтори игрите на фантастичниот Шпанец.

Управата на Каталонците го посочила фудбалерот на Вилјареал, Родриго Хернандез Родри како една од можните солуции како замена за Бускетс. 22 годишниот Родри оваа сезона е стандарден во Вилјареал собирајќи вкупно 15 настапи во Ла Лига.

Бускетс со сигурност може да игра уште минимум две сезони на високо ниво, но од Барселона како секој голем тим размислуваат за иднината и следното лето сигурно ќе ангажираат нов играч од средниот ред.