Милан декласиран од Верона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Великанот од „Сан Сиро“ ги живее најтешките моменти во својата понова историја. Во клубот нема никаква атмосфера, нема никаква игра, фудбалерите во кои се инвестираше премногу наместо борба за врвот поблиску се до дното на табелата.

Милан гостуваше во Верона, а Гатузо сакаше да ја запише втората победа по добриот натпревар против Болоња. Тоа го мислеа и бројните фудбалски експерти и букмејкерите кои го означија Милан како голем фаворит на оваа средба.

Сепак Милан доби тежок шамар и со 3:0 си замина од гостувањето во Верона. Домаќините поведоа со голот на Карачоло во 24. минута, на 2:0 зголеми Кин, а конечниот резултат го постави Беса во 77 минута.