„Сан“ со неверојатни најави: Најдобриот играч на Челси се сели на „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бомбастични најави пренесува англискиот дневен весник „Сан“ кој денеска објави дека најдобриот играч на Челси, Еден Азар би можел да се пресели во редовите на лутиот ривал, Манчестер Јунајтед.

Овие денови се шпекулира дека Бејл би можел да се врати во Англија и тоа во редовите на Манчестер Јунајтед, а тоа би направило место токму за Азар кој подолго време се поврзува со Реал Мадрид. Сепак, ако се верува на „Сан“ Мурињо има нешто друго во план. Португалецот сака повторна соработка со Азар, а наводно „ѓаволите“ подготвуваат над 100 милиони евра.

Дека Азар е на излезните врати од Челси тоа е веќе јасно, но дека трансфер на „Олд Трафорд“ би можел да се реализира тоа е многу малку веројатно.