Европски гиганти на првиот „Пандев куп“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од таборот на Академија Пандев тргнуваат во многу амбициозен проект и од новата 2018 година ќе организираат турнир за младинските категории.

Турнирот ќе го носи името „Пандев куп“ и во 2018 година ќе го има своето прво издание. Првиот дел на натпреварувањето ќе се одржи од 1 до 4 март и на него ќе играат фудбаелри родени од 2006 до 2010 година. Вториот дел е планиран за крајот на јули (30 јули до 4 август) ќе настапат екипи со фудбалери родени во 2002 и 2003 година, а од 6 до 11 август играчи родени во 2004 и 2005 година.

На турнирот покрај Академија Пандев ќе учествуваат сите македонски клубови освен Вардар, кој се уште го нема потврдено своето присуство. Покрај нив учество ќе земат и Црвена Звезда, ОФК Београд, Партизан, Осиек, Буба Мара, Реал Ниш, Сесвете Загреб, Престиж Врање, Вихрен, Пирин, Параќин, ПАОК, Лудогорец, ЦСКА Софија, а се водат преговори и со италијанските гиганти Интер и Џенова.

Турнирот ќе се игра на четири стадиони во Струмица и околината и тоа на теренот на кој тренира Академија Пандев, вештачкото игралиште , стадионот Кукуш во Турново и Градскиот стадион „Младост“.