На повидок размена помеѓу Манчестер Јунајтед и Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед „фрли око“ на уште еден фудбалер на Интер. Откако минатото лето неуспешно преговараше повеќе од два месеци за услугите на Иван Перишиќ, оваа зима „Црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики, Жоао Марио.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Мурињо е подготвен да го прати на „Џузепе Меаца“ ерменскиот интернационалец Хенрик Микитаријан и да понуди одредена сума на пари за да го обезбеди потписот на својот сонародник Жоао Марио.

Микитаријан речиси сигурно ќе си замине од клубот оваа зима, а најисплатлива опција за Манчестер Јунајтед би била доколку веднаш донесат адекватна замена што би бил случај доколку падне договор со Интер и на „Олд Трафорд“ пристигне Жоао Марио.