Никогаш не треба да се губи надежта, докторите велат дека Шумахер може да оздрави!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот Михаел Шумахер на 3-ти јануари наполни 49 години. За жал, еден од најдобрите возачи на сите времиња и овој роденден го дочека во кревет поради повредите на главата кои ги доживеа во 2013-та година на скијање во Франција.

По долгата борба за живот во болницата во Гренобле, Шумахер се разбуди по повеќемесечна кома и беше префрлен во семејниот дом бо Женева, каде што семејството се грижи за него.

Одлучија да се изолираат од јавноста и многу малку вистински информации за неговиот здравствен живот се појавуваат во медиумите.

Иако многумина тврдат дека Шумахер никогаш нема да оздрави од тешките повреди, докторот Марк Оберман тврди дека има надеж за Михаел.

„Не треба да се губи надеж. Според истражувањтаа, на 30-40% од пациентите им се враќа свеста по 4 години. Многумина се враќаат во живот.“

„Пациентите се многу посвесни отколку што претходно мислевме. Допирот на неговата сопруга или да речеме гласот на детето може да имаат големо внимание.“