Германија „гори“: Нова јануарска БОМБА од 72 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг би можел кариерата да ја продолжи во Кина.

Ова утре пристигна вест дека Гвангжу е подготвен да плати 72 милионие вра за трансфер на овој фудбалер.

Обамејанг во претходните месеци беше поврзуван со Реал Мадрид, Милан и Арсенал.

Тренерот на Гвангжу, Фабио Канаваро го сакаше Обамејанг уште минатото лето кога го водеше Тијанџин, но не се постигна договор.

Сепак, голем број медиуми од Кина пренесуваат дека наскоро ќе се реализира овој трансфер чија сума би требало да изнесува 72 милиони евра.

Обамејанг е во најдобрите години, а досега има постигнато 98 голови на 143 натпревари во БЛ.