Дали Видал ќе замине во Англија? Еве што вели Хејнкес!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Артуро Видал е наводно мета на Челси, а тренерот на Баерн одговори на сите шпекулации.

Челси ќе се обиде да го донесе Видал, фудбалерот на Баерн Минхен, пишуваат англиските медиуми.

Дури беа упорни во тие приказни, па пристигнаа информации дека Челси понудил 33 милиони фунти за него.

Сепак, тие информации не се вистинити, ако може да му се верува на Хејнкес.

Тој вели дека нема да има таков трансфер оваа зима.

„Не постои контакт помеѓу Баерн и Челси, нема да го продаваме Артуро Видал, ниту било кој друг важен фудбалер во јануарскиот преоден рок.“, изјави Хејнкес.