АО: Шарапова ќе ја „менува“ Серена на ждребот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бранителот на титулата, Федерер и шампионката од 2008 година, Марија Шарапова ќе раководат со ждребот на Австралијан Опен.

Швајцарецот во претходната година во Мелбурн го освои 18-от Грен Слем турнир во кариерата, затоа што во финалето го победи Рафаел Надал.

Од друга страна, Шарапова на турнирот не се натпреваруваше од 2016-та година, поради суспензијата која и беше дадена поради користење на недозволени суспстанции.7

Актуелната шампионка Серена Вилијамс се откажа од турнирот, затоа што по породувањето во септември, не успеа да се подготви.

Со ждребот ќе бидат одредени паровите во двете конкуренции. Извлекувањето ќе се одржи во четврток.