Ситуацијата се повеќе се разгорува, а Манчестер Јунајтед и Јувентус водат пеколна битка за одличен фудбалер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед се обидува да го донесе Озил во јануари, но тие имаат конкуренција од Јувентус.

Јувентус веќе неколку пати се прослави со ефтини или бесплатни трансфери на квалитетни играчи, а во Торино сега одлучија да напаѓаат во Лондон. Свесни се дека Озил има уште 6 месеци од договорот и може за малку пари да добијат големо засилување.

Според медиумите, Јувентус ќе се обиде да го откупи Озил, а тоа ги руши плановите на Мурињо кој имаше план да го донесе поранешниот фудбалер со кој работеше во Реал Мадрид.

Јунатед нуди 40 милиони евра, но во Јувентус знаат дека Арсенал секогаш сака да го продаде својот фудбалер подалеку од ПЛ.

Пријателот на Озил, Кедира ќе се обиде да го убеди да дојде во Јувентус, но Мурињо ќе ја продолжи битката понатаму.