Ливерпул и Арсенал „полудеа“ по момче од четврта лига!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скаутите го гледаа 18-годишниот фудбалер во претходната година и сигурно го очекува добар трансфер.

Бен Вилмот, фудбалер на Стивенејџ, беше еден од најдобрите во рамки на ФА купот против Ридинг, тим кој се натпреварува во Чемпионшип.

Покрај тоа, тој во својот клуб игра одлично, а на свои 18 години ги импресионираше скаутите.

Во последниот натпревар против Ридинг го гледаа скаути на Ливерпул и Арсенал, а имаа и што да видат.

Овој стопер имаше и една акробатска интервенција, а неговиот тренер го претстави како некој кој би можел да игра на највисоко ниво.