Мура се поблиску до „Олд Трафорд“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Играчот на ПСЖ, Лукас Мура воопшто не е во плановите на Унаи Емери оваа сезона, но тој не сака да замине од „Паркот на принцовите“ освен во случај Манчестер Јунајтед да му понуди договор.

Веќе подолго време се шпекулира дека „ѓаволите“ го посакуваат Бразилецот во своите редови, најпрво на шестмесечна позајмица а потоа доколку ги задоволи и целосно да го откупат неговиот договор.

„Телефут“ пишува дека ова е сосема реална опција за овој јануари и дека трансферот може да се случи во следните дваесетина дена.