Распад на системот?! Венгер продава три фудбалери за 80 милиони, но кого ќе донесе?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал би можел добро да ја наполни касата оваа зима, но сите знаат дека Венгер знае многу добро да ги изнервира навивачите.

Венгер тврди дека сигурно ќе направи нешто во преодниот рок, а навивачите веруваат дека бара стопер и дека е блиску до Џони Еванс од ВБА, а тоа не е баш добро пречекано од нивна страна.

Французинот се обидува да ослободи неколку фудбалери, Волкот е на прагот на заминување, а позајмица во Саутемптон би можела да му овозможи да се избори за место на Мундијалот, а големото разочарување Коклан би заминал во Шпанија каде што Валенсија е заинтересирана за него. Место нема ниту за Дебуши кој би требало да влезе во трансферот за Еванс, а касата би можел да ја дополни Жиру.

Тој има понуда од Турција од 40 милиони евра, а ќе видиме дали тој ќе го засили тимот на Бешикташ.

Вилшер останува во тимот и на него ќе му биде продолжен договорот.

Од евентуалните засилување, Лемар е во „магла“, никој нема да плати 100 милиони во јануари за овој фудбалер.

Сепак, ако од овие фудбалери ги добие посакуваните 80-90 милиони евра, тогаш нема да чуди ако Французинот се одлучи на ваков потег. Арсенал е елиминиран од ФА купот, но во Лига купот ќе игра против Челси со првиот тим. Исто така, останува во игра за ЛЕ, како и борба за топ 4 во лигата.