Тотенхем му позајмува играч на Барнли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Тотенхем, Џорџ Кевин Н’Куду ќе се приклучи на Барнли овој преоден рок. Младиот Французин ќе пристигне на „Турф Мур“ на шестмесечна позајмица без право на целосен откуп на договорот.

Н’Куду не успеа да се наметне кај Покетино откако се приклучи на Тотенхем во 2016 година од редовите на Марсеј. За неговиот трансфер „петлите“ платија 11 милиони фунти плус испратија играч на позајмица во францускиот гигант.

Н’Куду досега има само 23 натпревари во дресот на Тотенхем, но ниту еднаш не почнал натпревар во Премиер лигата од првата минута.

Играњето во Барнли ќе му биде шанса да покаже дека има квалитети за во иднина да го носи дресот на Тотенхем.