Стариџ го напушта Ливерпул но останува во Премиер Лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„ЕСПН“ пишува дека Ливерпул е подготвен да се ослободи од 28 годишниот напаѓач Даниел Стариџ оваа зима.

„Црвените“ како прва опција во нападот го имаат Фирмино, а шанса повремено добива и Доминик Соланке кој пристигна во Ливерпул пристигна во летниот преоден рок од редовите на Челси.

Искусниот напаѓач се почесто е надвор од терените поради повреди, па тоа е причината што од Ливерпул одлучиле да се ослободат од неговите услуги.

За Стариџ сериозен интерес има од редовите на Саутемптон и Вест Хем кои се подготвени да му понудат место во стартниот состав со цел 28 годишниот фудбалер да обезбеди место во репрезентацијата на Англија за претстојниот Мундијал во Русија.