Раул ги одреди патниците за Европското првенство во Хрватска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на нашата најдобра ракометна репрезентација, Раул Гонзалез денес го објави конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство што овој месец ќе се одржи во Хрватска.

Гонзалез повика 19 ракометари, а од последниот список отпаднаа голманот Мартин Томовски, како и бекот на Еурофарм Работник, Горан Крстевски. И двајцата ќе патуваат со репрезентацијата во Хрватска како резервна опција доколку некој од избраните 19 се пожали на повреда.

За секој натпревар Раул Гонзалез ќе треба да избира по 16 ракометари од оние 19 кои ги води во Загреб.

Список на ракометари за ЕП Хрватска 2018:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
Одбрана: Аце Јоновски, Велко Марковски