Откриена причината за трансферот во Манчестер: На Лукаку му влијаела „вуду магија“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Лукаку минатото лето од Евертон премина во Манчестер Јунајтед, но претходно тој водеше преговори со Челси и Евертон, но неговиот пат го одредила вуду магија.

Кога ќе се спомене вуду магија прво што ви паѓа на памет се играчки и личности кои се бодени со игли. Дали тоа бил случајот и кај Лукаку не е познато, но сопственикот на Евертон, Мошири пренесе дека токму поради таа причина фудбалерот заминал од тимот.

„Два лета изгубив со Ромелу во обид да го задржам. Прво го убедував три месеци, па на крајот остана уште една година. Минатото лето му понудивме повеќе од Челси, но тој сакаше да замине. Нема да ми верувате што му понудивме, но во текот на состанокот го повика мајка му од Африка. Таму вуду магијата и рекла дека тој треба да потпише за Челси.“

Лукаку на крајот заминал во Лос Анџелес, а потоа одлучил да премине во Манчестер Јунајтед наместо во Челси.