Распродажба во Вест Хем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спортс“ од таборот на Вест Хем се подготвени да ги слушнат понудите за нивниот напаѓач, Хавиер Чичарито Ернандез.

Мексиканецот пристигна како големо засилување во летниот преоден рок од редовите на Баер Леверкузен за сума од 16 милиони фунти, но досега има постигнато само четири погодоци во Премиер лигата.

Дејвид Мојс планира да го освежи нападот на Вест Хем, но најпрво мора да ги продаде играчите кои веќе ги има. Диафра Сако е пред трансфер во Кристал Палас откако двата клуба се договориле за висината на оштетата.

Чичарито ќе биде следниот кој ќе биде продаден со цел да се обезбедат средства за нови играчи. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед моментално е најплатен помеѓу „чеканите“ со неделна плата од 115.000 фунти.

Покрај овие двајца Мојс е подготвен да ги продаде и Енди Керол и Андре Ају доколку за нив стигнат примамливи понуди.