Станува интересно, агентот на Санчез го следи Јунајтед на Твитер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дека Манчестер Јунајтед сериозно влезе во трката за Алексис Санечз говори и фактот што агентот на Чилеанецот, Фернандо Феличевич веќе почнал да го следи официјалниот Твитер профил на „црвените ѓаволи“.

Интересен е фактот што Феличевич не го следи официјалниот профил на Манчестер Сити, па многуте љубители на фудбалот ова го посочија како доказ плус дека Алексис е поблиску до Манчестер Јунајтед.

Скај Италија денес објави дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати солидна сума на пари и плус да го испрати Хенрик Микитаријан на „Емирати“ за да ги добие услугите на Алексис. Плус „ѓаволите“ ќе му понудат подобри примања отколку што би заработувал кај Манчестер Сити кој долго време важеше за прв фаворит за крилниот напаѓач.

Едно е јасно, деновиве ќе гледаме вистинска „трансфер битка“ помеѓу двата клуба од Манчестер.