Срамно: Лименки пиво, шишиња вино и пикавци во соблекувалната

0

Германски “Билд” објави дека фудбалерите на Украина после поразот од Германија, пиеле вино и пушеле цигари.

Германија во неделата ја победи Украина со 2:0, а “Билд” пренесува приказна која ќе ги згрози сите вистински фанови на Украина.

Имено, во соблекувалната на Украина пронајдена е голема количина на цигари и празни шишиња од пиво и вино.

Дописникот на “Билд” после натпреварот од одлучил малку да се прошета низ просториите на стадионот, а кога сфатил дека никој нема да го запре тргнал и кон соблекувалните каде што дочека целосно неочекувана глетка, лименки пиво, шишиња вино и пикавци.

После ова тој одлучил да ја посети и соблекувалната на Германија, но таму не пронашол ништо што е забрането за фудбалерите.

Share.