Мурињо го даде своето мислење за Алексис


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако Манчестер Јунајтед се приклучи во трката за играчот на Арсенал, Алексис Санчез, Жозе Мурињо го даде своето мислење за целокупната ситуација.

Португалецот очекувано одби да го потврди интересот за Алексис кога беше запрашан на денешната прес конференција во пресрет на натпреварот против Стоук.

„Генерално можам да ви го кажам тоа што си го кажав себеси и тоа што го кажав на одборот на Манчестер Јунајтед. Немам голема доверба во јануарскиот трансфер период. Не веруваме во потпишувањето играчи колку само да се каже дека сме донесле некој фудбалер. Доколку има шанса да се донесе некој светски фудбалер, тогаш не е важно дали е јануари, марти или јули, треба да се обидете. Во врска со Алексис Санчез, нема да ви кажам ни збор. Единствено нешто што можам да кажам е она што сите го зборуваат- тој е феноменален играч“ –Жозе Мурињо.

Меѓу другото тренерот на Манчестер Јунајтед истакна дека очекува Санчез овој викенд да го носи дресот на Арсенал во Премиер лигата.