Хрватска ја растури Србија во Сплит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватската ракометна репрезентација славеше против Србија со 32:22 во натпреварот од првото коло во рамките на групата А од Европското првенство.

Чупиќ и Вори го отворија натпреварот со два брзи гола со што Хрватска брзо стигна предност. Србија потоа се созеде и добро се носеше се до 13. минута кога Степанчиќ погоди за плус три за домаќините.

Хрватска ја држеше таа предност до пред крајот на полувремето кога „додаде гас“ и стигна до плус пет. На одмор се замина со 14:9 и веќе тогаш беше јасно дека „коцкестите“ ќе слават против Србија.

И во вториот дел избраниците на Червар продолжија со квалитетна игра и само дополнително ја зголемија предноста на семафорот.

Лука Степанчиќ и Мануел Штрлек со по шест погодоци беа најефикасни за репрезентацијата на Хрватска, додека Петар Ненадиќ погоди исто толку пати за Србите.

Во останатите натпревари Белорусија тесно славеше со Австрија, Исланд победи во скандинавското дерби против Шведска, додека Франција ја победи Норвешка во одличен натпревар со 63 погодоци.

Резултати, 1. коло Европско првенство

Белорусија- Австрија 27:26

Шведска- Исланд 24:26

Франција- Норвешка 32:31

Хрватска- Србија 32:22