Ван Дијк откри: Еве зошто го одбрал Ливерпул пред Челси и Сити!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најскапиот стопер на сите времиња, Ван Дијк во интервју за медиумите објасни зошто се одлучил за Ливерпул.

За него интерес подолго време покажуваат Челси, Манчестер СИти и Арсенал, но на крајот тој се одлучи за Ливерпул.

Според него, Ливерпул нуди „целосен пакет“, а исто така атмосферата во клубот била неверојатна.

„Мислам дека поголемиот дел од тимот, навивачите, играчите, тренерот и се останато тука е неверојатно. Гледате и самите дека атмосферата во клубот е фантастична.“

Ван Дијк дебитираше во новиот дрес против Евертон во ФА купот.