Мурињо не сака повеќе караници: Крај на приказната!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вербалната војна помеѓу Конте и Мурињо беше актуелна во последните недели на Островот, а тренерот на Јунајтед смета дека дошло време да заврши тоа.

Иако Конте изјави дека нема да заборави што зборувал Мурињо за него, сепак Португалецот не сака да врати на провокациите.

„Кога една личност ќе навреди друга, тоа што може да се очекува е одговор или игнорирање.“

„Кога ме навреди првиот пат, му одговорив на таков начин, а тоа го повреди многу.“

„Потоа ме навреди и по втор пат, но сега сум одлучен да ја сменам приказната. За мене игнорирањето значи крај на приказната.“