Малком ќе пристигне на „Емирати“ само ако Санчез си замине


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што дознава „Скај Спортс“ од Арсенал се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Бордо, Малком доколку Алексис Санчез биде продаден оваа зима.

Арсенал стартувал преговори со Бордо уште во средата, но се уште нема финален договор по одржаната средба.

Кога беше запрашан за младиот Бразилец, Арсен Венгер не негираше дека од Арсенал се заинтересирани за неговите услуги: „Тој е добар играч, но во овој момент ништо не се случува. Не сме стигнати до ситуација за купување во моментов.“

Арсенал се уште нема примено официјална понуда за Санчез, но тоа се очекува да се случи во следните денови кога Манчестер Јунајтед ќе испрати 20 милиони евра плус Микитаријан за услугите на чилеанскиот репрезентативец.