БРАВО МОМЦИ: Македонија со победа стартуваше на континенталниот собир


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија одигра одличен натпревар на стартот на Европското првенство во Хрватска против репрезентацијата на Словенија. Избраниците на Раул Гонзалез со 25:24 славеа голема победа против фаворизираната селекција на Словенија.

Словенците убаво го отворија натпреварот и со одличниот Скок на голот стигнаа до водство од три голови разлика (5:2). Во тој момент Раул се реши за промена на голманската позиција, па Борко беше заменет од Митревски кој до крајот имаше неколку одлични интервенции.

На полувреме заминавме со нерешен исход (11:11) откако Филип Талески погоди со звукот на сирената. Претходно Николче Митрески со две интервенции беше главниот „виновник“ што на полувреме заминавме во егал.

Стартот на вториот дел ни припадна нас и по само четири минути игравеќе имавме голема предност од плус четири голови. Сепак следуваа три исклучувања за нашата репрезентација, па Словенците се вратија во игра.

Во последните моменти од натпреварот Манасков не држеше во игра и на крајот нашата репрезентација славеше голема победа пред натпреварот со Црна Гора.

Со осум гола најефикасен кај нас беше Дејан Манасков, а Кире Лазаров мечот го заврши со седум постигнати поени.