Сане: Два пати му „удрив корпа“ на Клоп


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити кој игра одлично во последно време, изјави дека претходно два пати го одбивал сегашниот тренер на Ливерпул.

Сане имал шанса да работи со Клоп, но тој во 2016 година се одлучил од Шалке да премине во Манчестер Сити со кој во моментов ја „брка“ титулата во ПЛ.

„Вистина е дека разговарав со Ливерпул, Клоп ме повика тогаш, но јас го одбив. Го запознав додека работеше во Дортмунд и можам да кажам дека тој е добар човек и добро го води Ливерпул.“

Манчестер Сити денес му гостува на Ливерпул и има шанси со победа да направи дополнителен чекор кон титулата во Англија.