Трансферот се поблиску, Алексис не е во составот за дуелот со Бурнемут


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алексис Санчез не е со тимот кој отпатува во Бурнемут за денешниот натпревар во рамките од Премиер лигата.

Санчез тренираше со „топчиите“ во петокот и се очекуваше да биде во тимот за дуелот со избраниците на Еди Хау. Според многумина тоа требаше да биде и прошталниот натпревар за Чилеанецот во дресот на Арсенал, но по најновите најави тој веќе го одигра својот последен натпревар како „Топчија“.

Манчестер Јунајтед сега е прв фаворит за неговите услуги откако на Арсенал му понуди 25 милиони фунти плус Хенрик Микитаријан, а на играчот неверојатни услови со 350.000 фунти неделна плата.