Јуниорите со пораз го стартуваат Европското првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младите кошаркари го започнаа својот настап на Европското првенство дивизија Б со пораз од врсниците од Бугаријa. Националниот состав на нашиот соседот од истокот се покажа како супериорен во три периоди кои беа сосема доволни за триумф од 69-88 (16-29, 20-25, 17-10, 16-24).

Нашите млади надежи доминатно го започнаа натпреварот откако Виктор Ефремовски успеа да реализира шут зад линијата за три поени. Набрзо потоа, противникот успеа да ги анулира тие поени. Со серија од 0-8 кошаркарите на Бугарија успеаја да направат прва посериозна закана на резултатот по егалот од 7-7. Во моменти кога одбраната на Македонија успеа да се консолидира, започна да функционира шутот за три поени на противникот по што Бугарија дојде и до првото двоцифрено водство (15-25). Во вториот период, избраниците на Клифтон Елис заиграа нешто подобро, но тоа само ги испровоцира противничките кошаркари. На полувремето, националните состави се разделија со 36-54 резултат кој до крајот на натпреварот се покажа како недостижен.

Младите надежи успеаја да се доближат и на ’минус осум’ (62-70) по што повторно гостинскиот состав започна да ја диктира играта. До крајот, Македонија успеа да забележи уште девет поени двојно помалку од Бугарија за конечни 69-88.

Најефикасен во макеоднскиот состав беше Ранко Мамузиќ со 22 поени на кои придодаде и шест скокови. Ефремовски постигна 19 додека Елвис Хот запиша 10 зад своето име. Во противничкиот табор најефикасни беа Минчев и Крастанов со 26 односно 2 поени.

Утре, јуниорите ќе си ги одмерат силите со врсниците од Ирска.