„Граѓаните“ не се непобедливи, на „Енфилд“ е прекината историската серија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул во дербито на 23 коло во Премиер лигата го победи Манчестер Сити со 4:3 и така му го нанесе првиот пораз на актуелниот лидер во лигата.

Сити претходно беше во серија од 22 натпревари без пораз, односно 30 ако се смета и претходната сезона.

До првиот гол на натпреварот се чекаше само девет минути, кога Чемберлејн успеа да погоди од скоро 20 метри, а 30 минути подоцна Сане успеа да израмни на 1:1 и така заминаа тимовите на полувреме.

Во вториот дел се случуваа големи возбудувања од 59 до 67 минута кога Ливерпул преку Фирмино, Мане и Салах стигнаа до предност од 4:1.

Пред самиот финиш, Ливерпул се „коцкаше“ и за малку ќе останеа без три бодови бидејќи Сити намали на 4:3 преку Силва и Гундоган, а во последните секунди од натпреварот Агуеро успеа да промаши неверојатна шанса.