Четири засилувања за Работнички пред стартот на втората полусезона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Работнички во јануарскиот преоден рок се засили со нови четири фудбалери кои треба да засилат конкуренцијата во тимот на Горан Станковски.

Нови фудбалери на тимот се Никола Шаркоски, Гзим Красниќи, Игор Крамар и Бујамин Асани, а прв професионален договор потпиша и младиот Андреј Лазаров.

25 годишниот Шаркоски потпиша тригодишен договор, а доаѓа од редовите на Победа. Гзим Красниќи е албански интернационалец кој игра на позицијата стопер. Красниќи доаѓа од Партизани Тирана.

Хрватот Игор Крмар игра на позицијата десен бек и доаѓа од тимот на Слобода Ужице, а Бујамин Асани во Работнички пристигна од романскиот второлигаш УТА Арад, а игра на позицијата лев бек.