Србија славеше против Исланд, но ќе чека Шведска да ја изненади Хрватска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометната репрезентација на Србија славеше во првиот натпревар од третото коло во рамките на групата А против Исланд со 29:26.

Србите бркаа победа од четири голови разлика која ќе ги сместеше во главната фаза, но во последниот напад не успеаја да ги скротат „рибарите“ и натпреварот го добија само со три голови позитива.

Сега за пласман понатака ќе треба да чекаат услуга од репрезентацијата на Шведска која мора да победи или барем да одигра реми против репрезентацијата на Хрватска.

Богдан Радивојевиќ и Жарко Шешум беа најпрецизни во редовите на Србија со по пет погодоци, додека кај Исланд најефикасен беше играчот на Рајн Некар, Сигурдсон кој мечот го заврши со осум голови.

Во натпреварот од групата Б, Франција очекувано убедливо славеше против Белорусија со 32:25 и со тоа заврши на првата позиција на табелата со максимален ефект од три победи.