Раул ја направи првата измена, Велко Маркоски го менува Филип Лазаров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Раул Гонзалез за прв пат го искористи правото за замена во составот и за денешната средба со Германија го повика Велко Маркоски кој во тимот ќе влезе на местото на Филип Лазаров.

Лазаров кој одигра два одлични натпревари со Словенија и Црна Гора поради повреда на мускулот на ногата отпадна  од списокот за натпреварот со Германија.

Велко Маркоски е специјалист за одбрана и дополнително ќе им помогне на Јоновски, Никола Маркоски и Филип Талески во обидот да ги спречат налетите на Германците на вечерашниот натпревар.