Работнички со нови дресови во втората полусезона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од таборот на Работнички денес објавија дека постигнале договор со спортската компанија „Јома“ со кој се обврзале во следните две години да носат дресови на овој производител.

Новите комплети дресови беа претставени на јавноста во текот на денешниот ден, а истите ги презентираа капитенот Душко Трајчевски, репрезентативецот Кире Маркоски, напаѓачот Чарлс  Гофри и голманот Даниел Божиновски.